Atilla Hancı
24 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
КАТМАНДУ (АА) - Недолго по полетувањето исчезна мал патнички авион во кој се наоѓало 21 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Секој контакт со авионот е прекинат недолго по полетувањето од аеродромот од градот Покхара, западно од Катманду.
Станува збор за авион од типот "Oter" на непалската компанија "Tara Air" со 18 патници и три члена на екипажот.
Службеното лице од аеродромот, Јогендра Кувар, соопшти дека е покрената истрага и потрага по исчезнатиот авион, но невремето ја отежнува акцијата.
Исчезнатиот авион летал кон градот Џомсон, во северниот дел на Непал, а во потрагата е вклучена и непалската војска со хеликоптери.