Beyza Binnur Dönmez
26 Февруари 2024•Ажурирај: 28 Февруари 2024
ЖЕНЕВА (АА) - Илјадници луѓе излегоа на улиците на шпанскиот град Сарагоса за поддршка на „Слободна Палестина“ во моменти кога Израел се подготвува за напад на Рафа - последното преостанато засолниште за стотиците илјади цивили и столбот на меѓународната испорака на помош, јавува Анадолу.
Вчерашните демонстрации беа дел од сенародниот протест организиран од невладини организации.
Демонстрантите се собраа на Плаза дел Пилар и направија мозаик на палестинското знаме со транспарентите во рацете.
Тие, исто така, извикуваа слогани како „Бојкотирајте го Израел“ и „Слободна Палестина“ и побараа да се стави крај на „геноцидот“.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговиот смртоносен напад врз Појасот Газа, во кој загинаа над 29.780 Палестинци.
Во привремената одлука во јануари, судот со седиште во Хаг му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки како гаранција дека се обезбедува хуманитарна помош за цивилите во Газа.