Qais Omar Darwesh Omar,Mahmut Geldi
26 Февруари 2024•Ажурирај: 29 Февруари 2024
РАМАЛА (АА) – Палестинскиот премиер Мухамед Штаје соопшти дека поднел оставка до палестинскиот претседател Махмуд Абас, јавува Анадолу.
Премиерот Штаје го соопшти ова на неделниот состанок на Владата во Рамала на окупираниот Западен Брег.
Штаје рече дека вербално му ја пренел на Абас одлуката да поднесе оставка во вторникот, 20 февруари.
Тој рече дека во наредниот период се потребни нови регулативи на владино ниво во контекст на настаните во Појасот Газа.
Нагласувајќи дека постојат напори палестинската администрација да се претвори во административна алатка, Штаје рече дека палестинските власти ќе истраат во борбата против израелските напади.
Тој нагласи дека ќе ја продолжи борбата против Израел до формирање независна палестинска држава.