?????
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ОСЛО (АА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека неговата влада нема да им дозволи на муслиманските бегалци да формираат "компактна заедница" додавајќи дека интеграцијата на бегалците е "невозможна" , пренесува Anadolu Agency (AA).
"Не сакаме да ни се случи она што се случи во Германија. Идејата на мултикултурната Европа не успеа, мигрантите не можат да се интегрираат, тоа не е возможно" , рече Фицо алудирајќи на последните случувања во Германија каде во текот на новогодинешната ноќ наводно беа изведени низа грабежи и силувања.
Таквите наводи, како рече Фицо, "се јасно поврзани" со бранот на бегалци во Европа и неодамнешните терористички напади во Франција. Во Словачка постојат мали муслимански заедници од неколку стотици муслимански верници.