Recep Şakar
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
МЕЛБУРН (АА) - Илјадници луѓе во Австралија присуствуваa нa организираниот марш за поддршка на разноликоста во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓанското здруежение „Добродојдовте во Австралија“, којешто ги подржува емигрантите и бегалците во Австралија, организираше марш за поддршка на разноликоста во земјата.
Освен во главниот град Камбера, марш беше организиран и во 25 други австралиски градови меѓу кои Сиднеј, Мелбурн, Перт, Хобарт, Бризбејн и Аделаида. Австралијците коишто ја поддржуват мултикултурната структура на државата, покажаа голем интерес за маршот.
Со цел да придонесат мигрантите и бегалците коишто доаѓаат во Австралија да се чувствуваат добро, присутните којшто учествуваа во маршот „Да маршираме заедно“ носеа транспаренти со написи, „Добредојдовте во Австралија“, „Сите сме луѓе, сите сме еднакви“, „Исти луѓе, исти соништа“.
Во говорите којшто се одржаа во текот на маршот беше истакнато дека расистичкиот, исламофобичниот говор и говорот против бегалците во Австралија е во спротивност со мултикултурната структура на Австралија и дека треба да се спротивстават на ваквите видови структури.
Во говорите исто така беше посочено дека културната разноликост и мултикултурноста се карактеристики на Австралија и беше потенцирана важноста од зачувување на овие карактериссити.