Barış Seçkin
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
РИМ (АА) - Во неколку координирани операции на италјанската крајбрежна стража во Средоземното Море беа спасени 3.300 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите за спасување на мигранти во подрачјето меѓу Италија и Либија, во регионот на Сицилијанскиот Канал во Средоземното Море продолжуваат.
Според вестите во италјанските медиуми беше објавено дека крајбрежната стража само во последниот ден во 24-те спасувачки операции во близина на брегот на Либија спасила 3.300 мигранти.
Беше истакнато дека во текот на акциите пронајдени се тела на 7 лица од два брода.