Hakan Çopur
22 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Одбиени барањата на Русија за следење на претседателските избори кои ќе се одржат на 8 ноември во САД, во федералните држави Тексас, Оклахoма и Луизијана, јавува Anadolu Agency (AA).
До претседателските избори во САД има помалку од 3 недели, а меѓу САД и Русија повторно има одредени несогласувања во врска со изборите.
Како што јавуваат американските медиуми Русија објавила дека главниот конзул на Русија во Хјустон аплицирал до властите на американската сојузна држава Тексас со цел како наблудувач да ги следи изборите, но одговорот на овие барања бил негативен.
Еден од официјалните лица на Тексас, Карлос Каско, во врска со прашањето, во писмениот одговор упатен до Рускиот конзулат вели: „Не можеме да дадеме позитивен одговор на вашето барање за посета на избирачко место“.
Немаше образложение за негативниот одговор на оваа барање.
Беше објавено дека и властите на државите Оклахама и Луизијана ги одбиле барањата.
- „Русија не аплицираше во рамките на ОБСЕ“-
Во изјавата на портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби, рече дека секоја држава има право независно да донесува одлуки во врска со наблудувачите и дека не знае зошто Тексас и другите држави дале негативен одговор. Исто така тој подвлече дека поврзувањето на прашањето директно со федералната власт (администрацијата на Обама) претставува грешка.
Кирби во врска со аплицирањето на Русија за наблудувач на изборите во САД рече дека таа не аплицирала во рамките на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и дека тие самите во изборниот процес направиле така.
Истакнувајќи дека Русија во септември имала можност да аплициара во рамките на ОБСЕ и дека тоа не го сторила Кирби додаде: „И ние за да ги набљудуваме изборите во Русија аплициравме во претставништата на ОБСЕ“.
Веднаш по негативниот одговор од трите сојузни американски држави за добивање дозвола Русија да ги набљудува изборите во САД, се појавија наводите дека Русија ќе изврши хакерски напади на САД.
Властите во САД минатата недела за првпат „официјално „ја обвинија Русија за кибернетски напади врз институциите на Демократската партија и врз изборната кампања. Исто така САД ја обвинија Москва дека нападите се изведени со цел „влијание врз изборите во Америка“. Во врска со прашањето американскиот претседател Барак Обама рече: „Нашиот одговор ќе биде пропорционален“.
Прашањето во врска со хакерските напади за првпат беше актуелизирано во месец јуни од страна на Демократската партија, а потоа дискусиите за тоа дали зад ова стои Русија или не, долго време беше актуелна тема во американската јавност. На крајот на месец јули претседателскиот кандидат од редот на Демократите, Хилари Клинтон, отворено ја обвини Русија.
Наводите на американските официјални лица за одговорноста на Русија за хакерските напади беа одбиени од страна на Владата на Москва.