Saadet Firdevs Aparı
23 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
ЖЕНЕВА (АА) – Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) објави дека за време на војната што Русија ја започна против Украина на 24 февруари, загинале или биле ранети околу 1.000 деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тоа значи дека во просек дневно биле повредени или убиени повеќе од пет деца.
„Ова се само бројки што Обединетите нации би можеле да ги потврдат. Сметаме дека вистинските бројки се многу поголеми. Најголем дел од повредите на децата настанале како резултат на употреба на експлозивни материјали“, изјави генералниот директор на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.