свет

Австралија: Бројот на китови заглавени во плитките води достигна 470

„Повеќето китови забележани од воздух изгледаат мртви, но утрово таму е испратен брод за да се процени нивната состојба“

Recep Şakar  | 23.09.2020 - Обновена : 27.09.2020
Австралија: Бројот на китови заглавени во плитките води достигна 470

АНКАРА (АА) – Двеста и седумдесет кита се заглавија во плитките води во подрачјето на Маквари Хедс во австралиската држава Тасманија, а најавено е дека се заглавени уште 200 кита, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ник Дека, менаџер за паркови и диви животни во Тасманија, рече дека при набљудувањето од воздух забележале уште 200 пилот-китови, кои се заглавиле во плитките води.

„Повеќето китови забележани од воздух изгледаат мртви, но утрово таму е испратен брод за да се процени нивната состојба“, рече Ник Дека.

Наведувајќи дека продолжуваат работите за да се утврди дали има китови и на другите брегови во регионот, Дека рече дека спасувачките екипи ќе извршат посеопфатно пребарување.

Одговорните лица истакнаа дека од 270 кита заробени во плитките води во подрачјето на Маквари Хедс, една третина угинале.

Постои загриженост дека околу 300 кита, вклучувајќи ги и оние од новата група, може да угинат.

Спасувачкиот тим од околу 40 лица, кои работеа на спасување на преживеаните китови пронајдени во три групи во подрачјето на Маквари Хедс, успеа 25 кита да ги извади од плитките води.

Морските биолози велат дека активностите за спасување на китовите може да траат со денови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.