свет

Во Иран потврдени првите два случаи на коронавирус

Портпаролот на Министерството, Кијануш Џаханпур, изјави дека двата случаи се регистрирани во градот Ком, јужно од Техеран

Ali H. M. Abo Rezeg  | 19.02.2020 - Обновена : 20.02.2020
Во Иран потврдени првите два случаи на коронавирус

ТЕХЕРАН (АА) - Иранското Министерство за здравство денеска ги потврди првите два случаи на коронавирус во земјата, јави полудржавната новинска агенција ИСНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството, Кијануш Џаханпур, изјави дека двата случаи се регистрирани во градот Ком, јужно од Техеран.

Тој соопшти дека во текот на изминатите два дена во истиот град во карантин биле неколку сомнителни случаи, но не ја откри националноста на заразените лица.

Кинеската Национална здравствена комисија денеска соопшти дека билансот на починати од новиот вид коронавирус, „Ковид-19“, достигнал 2.005 лица, од кои 136 починале во изминатите 24 часа.

Од Комисијата наведуваат дека досега е потврден вирусот 2019-nCoV кај вкупно 74.185 пациенти, а дека меѓу нив 11.977 лица се во критична состојба.

Бројот на лица што се под медицински надзор поради сомнеж дека го носат опасниот вирус се намали и сега изнесува 135.881.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи со зараза се потврдени во повеќе од 20 земји низ светот, меѓу кои се и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Иднија.

Многу земји, вклучувајќи ја и Турција, ги евакуираа своите државјани од Вухан - епицентарот на ширењето на вирусот - и од другите погодени подрачја во Кина, ставајќи ги во карантин и под надзор.

Светската здравствена организација (СЗО) поради вирусот прогласи состојба на глобална опасност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.