Mustafa Melih Ahıshalı
04 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на иранската Влада, Али Ребии, истакна дека претседателот Хасан Рохани испратил писмо до саудискиот крал, Селман бин Абдулазиз, во врска со мирот и стабилноста во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ребии на прес-конференција одржана во главниот град Техеран, одговарајќи на прашањето дали иранскиот претседател Рохани испратил писмо до саудискиот крал Селман рече: „Да, претседателот испрати некои писма. Содржината на писмата беше за мирот и стабилноста на регионот.“
Во својата изјава, Ребии не давајќи детални информации за содржината на писмата, рече дека притисоците на САД не треба да ги оддалечуваат соседските земји во регионот едни од други.
Во октомври, иранскиот претседател Рохани, на 74. Генерално собрание на Обединетите нации го соопшти својот план „Мировна иницијатива за Ормудскиот Теснец“, чија цел е да се обезбеди мирот, стабилноста и просперитетот на земјите од Персискиот Залив и да се развијат пријателските односи засновани врз меѓусебно разбирање.