Büşra Selvi Öğütcen
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
КАТМАНДУ
Патнички автобус падна во река во Непал. Во несреќата животот го загубија 17 лица, а 50-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Мадхав Кафле, претставник на полицијата, соопшти дека автобус со патници кои се враќале од фестивал, на 120 километри источно од главниот град Катманду, од висина од 20 метри паднал во реката Сункоши.
Кафле информираше дека во несреќата загинале 17 лица, а 50 се повредени, додавајќи дека се претпоставува дека причина за несреќата би можела да биде дефект на автобусот.
Кафле посочува на фактот дека во автобусот имало повеќе патници од дозволеното и додава дека 21 лице од повредените се наоѓаат на болничко лекување.
Тој рече дека патниците биле учесници и се враќале од Фестивалот „Тихар“.
Поради недостатокот на инфраструктура, запоставените патишта и возила, сообраќајните несреќи се честа појава во Непал.