Ekipa
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
РАКА/АНКАРА (АА) - Американската армија пренесе муниција во североисточниот дел на Сирија, од воената база во областа Силолар, северно од Рака, која терористичката организација ЈПГ/ПКК ја користеше како магацин за оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Anadolu Agency (AA) ги сними конвоите на Американската армија кои излегоа од воената база во селото Ајн Иса, северно од сириската покраина Рака.
Конвоите кои тргнаа од областа Силолар, од селото Ајн Иса, преку патниот правец М4, се упатија кон градот Хасека.
Во конвојот со американско знаме од приближно 70 возила, забележани се оклопни возила за транспорт на персонал, машини за расчистување мини, канистери за гориво и камиони натоварени со пикап-возила.
Американската армија, која за време на операцијата „Извор на мирот“ се повлече од северот на Сирија, повторно се враќа во некои бази што ги испразни.
Американските војници, исто така, ги продолжија патролите во подрачјето со нафтени полиња во североисточна Сирија, што ги запреа за време на операцијата „Извор на мирот“.