Sarp Özer
26 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Складиште со муниција кое припаѓа на терористичката организација ПКК е уништено од страна на турските воени авиони во областа Синат-Хафтанин во северен Ирак, изјавија безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите, кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека турските воени авиони извеле воздушна операција вчера во подрачјето на Синат-Хафтанин.
Поврзано со ова, турските воени авиони исто така уништија три цели на ПКК, вклучувајќи и складиште со муниција и засолништа во југоисточната покраина Мардин во Турција.
Во меѓувреме, осум терористи на ПКК беа убиени во судир помеѓу турските безбедносни сили и терористите во југоисточната покраина Хакари во Турција.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организаци на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против турската држава во jули.