Ahmet Gürhan Kartal
07 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Британец, припадник на терористичката организација ЈПГ/ПКК, кој е вратен во Велика Британија, е осуден на 4 години затвор од страна на Централниот кривичен суд на Велика Британија „Олд Бејли“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ејдан Џејмс (28) стана првиот Британец кој доби затворска казна поради членство во терористичката организација.
Џејмс претходно беше обвинет за вршење обука во терористичките кампови на ПКК во Ирак.
Тој од Формби, Мерсисајд, отпатувал за Ирак во 2017 година, и бил одбиен од британската армија за регрутирање.
Британецот подоцна се придружил на ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК во Сирија, за да се бори против ДЕАШ.
Случајот против него не се заснова на земање оружје против ДЕАШ, туку на неговата идеолошка и политичка поддршка на ПКК преку насилство.
Џејмс првично беше избран од програмата за превенција на Велика Бртанија, но потоа беше ослободен во почетокот на 2017 година, пред да отпатува за Блискиот Исток.
Претходно тој, пред да се приклучи на ПКК, поминал „аматерска“ обука во Велика Британија.