Büşra Selvi Öğütcen
04 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ШРИНАГАР
На пазар кој се наоѓа во подрачјето на Џаму и Кашмир во Индија изведен е напад со рачна граната во кој загина едно лице, а 25 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на полицијата од Џаму и Кашмир информираа дека покрај еден мобилен продавач во индиската сојузна држава Утар Прадеш бил изведен напад со рачна граната, во кој загинало едно лице, а 7 се ранети.
Хасеб Мугхал, претставник на полицијата, изјави дека целта на нападите врз мобилните продавачи е да се наруши враќањето во нормала на животот на луѓето.
Здравствените работници информираа дека 25-те ранети се под лекарски третман во градот Шринагар. Лекарите информираа дека меѓу повредените, две лица се во тешка состојба.
Додека голем број работни места се затворени во Џаму и Кашмир, наутро пазарите се отвораат по неколку часа.
- Укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир и поделбата на два дела
На 5 август е укината точката 370 од Уставот на Индија со која повеќе од половина век Џаму и Кашмир имаше привилегии, со што е укинат специјалниот статус на подрачјето и Џаму и Кашмир се поврза со централната власт, со што „Земјата на единство“ е поделена на две подрачја.
Со новото преструктуирање Џаму и Кашмир од 31 октомври официјално е поделен на Џаму и Кашмир и на Унија Ладак.