Ömer Faruk Yıldız
06 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
КУАЛА ЛУМПУР
Бунтовнички групи нападнаа полициска станица на југот од Тајланд. Во нападот загинаа 15 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во тајландските медиуми, на југот од земјата, во покраината Јала, бунтовниците извршиле бомбашки напад врз полициска станица во едно село.
По нападот, изјава за медиумите дал полковник Прамоте Пром-ин, кој информирал дека според првичните проценки, во нападот животот го загубиле 15 војници, а потешко се ранети четворица чувари на селото.
Полковникот Пром-ин изјави дека по нападот, бунтовниците со цел да го отежнат нивното следење, поставиле стапици по патиштата и додаде: „Ова е најголем напад изведен во последно време.“
На југот од Тајланд, од 2004 година навака доаѓа до судири меѓу бунтовниците и воените сили во провинциите Јала, Патани и Наратхива, во кои животот го загубија приближно 7.000 лица.