Şebnem Coşkun
22 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
БАНГКОК (АА) - Бангкок, главниот град на Тајланд, во целиот свет познат по "пловечките пазари", од кои најпознат е "Damnoen Saduak", каде што продавачите, претежно жени, своите производи ги продаваат од кануата.
Бангкок, по локалниот јазик го нарекуваат "Krung Thep", што значи "Градот на ангелите". Продавачите уште во раните утрински часови на необичен пазарот ги изложуваат своите производи останувајќи се до зајдисонцето. Повеќето продаваат тропско овошје и зеленчук, сокови, локалните украси, накит и уметнички дела, јавува Anadolu Agency (АА).
Десетици илјади туристи секоја година ги посетуваат и туристичките атракции како што е храмот на Емералд Буда, Храмот на зората Ват Арун будистичкиот храм со ликот на Буда врежан во едно парче жад.
Бангкок првично беше изграден на мрежа од канали, па дури и денес има мал број на главни патишта со што е ограничен јавниот транспортен систем.