Elvir Hociç
09 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
БАНГКОК (АА) - Во главниот град на Тајланд, Бангкок, започна кралскиот поло-турнир на слонови, јавува Anadolu Agency (AA).
Купот на кралот се одржува во туристичкиот комплекс Анантара Чаопараја Ресорт, а станува збор за натпреварување коешто за првпат е одржано во 2001 година, а се одржува под покровителство на тајландското кралско семејство.
Натпреварот прерасна во најголем добротворен настан во Тајланд, а сите собрани средства се донираат на Институтот за слонови, кој се грижи за тој загрозен вид животни, што е воедно и еден од симболите на Тајланд.
Целиот приход од овој четиридневен фестивал ќе биде дониран во добротворни цели за развој на камповите и засолништата за слонови ширум Тајланд. Оваа година, од спонзорствата, влезниците и аукциите се собрани 950.000 америкснаки долари.