Ayşe Aktaş
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
БАНГКОК (АА) - Во експлозијата до која дојде во четири градови во Тајланд, четири лица загинаа, а 35 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу повредените има и туристи. Безбедносни извори изјавија дека експлозиите се случиле во градовите Tранг, Хуа Хин, Сурат Тани и Пукет.
Генералот на Тајландската војска Данаи Критметаве, за локалните медиуми изјави дека испитувањето на две лица во врска со експлозиите сè уште трае. Тој истакна дека експлозивната направа во туристичкиот град на Хуа Хин е активирана од далечина.
Амбасадите на Јапонија, САД и Велика Британија во Бангкок им препорачаа на своите државјани да не одат во јужниот дел од земјата, ако тоа не е задолжително.
Официјални претставници изјавија дека овие експлозии не се поврзани со тероризмот, туку станува збор за "локална саботажа".
Во бомбашкиот напад што беше извршен на 17 август 2015 година во Бангкок, загинаа 20, а беа ранети 120 луѓе.