?????
02 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
БАНКОК (АА) - Туристот Герет Кроу од Шкотска, почина откако беше смртно прегазен од слон на тајландскиот остров Самуа, јавува Anadolu Agency (АА).
Полициски поручник изјави дека слонот од грбот ги исфрлил Кроу и неговата 16-годишна ќерка Eјлид Хјуз во текот на обиколката на островот.
Кроу откако паднал на земја бил прободен од забот на слонот а потоа и прегазен. Во инцидентот е повредена и Eјлид како и водичот на слонот.
Полицијата тврди дека 13-годишниот слон бил „вознемирен” од исклучително топлото време. Животното по инцидентот набргу е успиено.
Инаку, Тајланд има околу 4.000 домашни слонови кои се туристичка атракција.