Emre Aytekin
01 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Најстарата слоница на светот, Индра, која живееше во стационар за слонови во државата Карнатака, југозападна Индија, почина на 90-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Службениците во стационарот за слонови изјавија дека се претпоставува оти слоницата била стара меѓу 85 и 90 години. Тие истакнаа дека слоницата починала поради акутно воспаление на слузницата на желудникот.
Ветеринарите кои се грижеле за здравјето на слоницата наведоа дека таа била болна подолг период и дека од јануари престанала да јаде. На тој начин, велат, ја изгубила тежината.
Индра во стационарот е донесена во 1968 година. Службениците никогаш не можеле да го утврдат точниот број на години, но се претпоставува дека почина на 90 години. Пред 15 години слоницата ги загубила забите и можела да јаде само шеќерна трска, ориз и зеленило.