?????
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Појавата на вирусот зика и неговото проширување во Латинска Америка го принуди индискиот производител на автомобили "Tata Motors" за промена на името на својот нов модел во „Зипи”, јавува Anadolu Agency (AA).
Автомобилот по прв пат на јавноста ќе и биде презентиран утре на "Auto Expo 2016", кој ќе се одржи во едно предградие на Њу Делхи.
"Tata Motors" во вторникот издаде соопштение во кое вели дека за време на саемот за автомобили ќе стои плочка со натписот
„Зика”, но дека во следните неколку недели ќе биде сменето во „Зипи”.
„Ние одлучивме да го промениме името на брендот, затоа што името е тесно поврзано со појавата на Зика вирусот во многу земји”, се вели во соопштението на "Tata Motors".
Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот прогласи глобална закана од вируст Зика поради својата брза експанзија во Јужна Америка.