Ekipa
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ДАБЛИН (АА) - Светски познатиот голф играч, Рори Мекилрој (27), изјави дека нема да отпатува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро поради страв од вирусот зика, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението кое е објавено денеска, еден од најдобрите голфери на светот истакна дека не сака да ризикува и нема да отпатува во Рио де Жанеиро поради опасноста од вирусот зика.
„По долго размислување и разгледување на ситуацијата, одлучив да се повлечам од учеството на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. По разговорот со моите блиски пријатели, сфатив дека пред сѐ е важно моето здравје и здравјето на моето семејство. Иако опасноста од инфекција од вирусот зика е мала, тоа сепак е ризик кој јас не сум подготвен да го преземам. Се надевам дека Ирците ќе ја сфатат мојата одлука“, напиша Мекилрој, кој во Рио требаше да настапи за Ирска.
Олимписките игри во Бразил ќе се одржат од 5-ти до 21-ви август во Рио де Жанеиро. Неколкумина спортисти претходно најавија дека ќе размислат дали ќе учестуваат на Олимпијадата поради страв од вирусот зика.