Ekipa
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
СЕУЛ (АА) - Олимпискиот комитет на Јужна Кореја откри дека нивните спортисти за време на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро оваа година ќе носат кошули и маици со долги ракави и панталони за да се заштитат од ширење на вирусот Зика, јавува Anadolu Agency (АА ).
Покрај тоа, опремата на олимпискиот тим на Јужна Кореја ќе биде обоена so боја која содржи хемикалија што ги одбива комарците. Оваа облека спортистите од Јужна Кореја ќе ја носат за време на церемонијата на отворањето, на тренинзите и во Олимпиското село. Од Олимпискиот комитет на Јужна Кореја истакнаа дека во текот на натпреварот тоа е неизводливо поради строгите правила и можноста за намалување на перформансите во одредени спортски дисциплини.
Бразил се обидува да го спречи ширењето на вирусот на Зика кој предизвикува сериозни вродени мани, вклучувајќи микроцефалија, болест од која бебињата се раѓаат со многу помала глава од вообичаеното. Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 05-ти до 21-ви август 2016 година.