Ekip
27 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
САНДРО ДОМИНГО (АА) - Обединетите нации (ОН) ја повикаа меѓународната заедница да одвои 73 милиони долари (околу 64,6 милиони евра) за околу 350.000 лица погодени од земјотресот, јавува Anadolu Agency (AA).
Диего Зорнила, постојаниот координатор на ОН за Еквадор, упати повик по земјотресот со магнитуда од 7,8 степени по Рихтер на 16-ти април, кој предизвика најголема хуманитарна катастрофа од земјотресот на Хаити во 2010 година.
„Побаравме од меѓународната заедница сума од 73 милиони долари за решавање на приоритетните хуманитарни потреби, со цел да ѝ помогне на владата на Екватор да ги покрие (потребите)”, рече Зорнила.
Додаде дека ОН повлекле седум милиони долари (6,2 милиони евра) од централниот фонд како почетна помош за итни потреби и мобилизација на ресурси.
„Овие средства ќе послужат за покривање на приоритетните потреби, кои ги увидовме во првите денови по земјотресот. Во наредните две седмици ќе спроведеме нови проценки”, рече Зорнила.
Средствата ќе се користат за набавка на храна, итно решавање на станбеното прашање, обезбедување на питка вода и што подобри хигиенски услови, за образование и здравство.
Зорнила ѝ честита на еквадорската влада на активностите кои ги презеде со цел да ги поттикне меѓународните и домашни организации за помош на загрозените од земјотресот во кој загинаа 665 лица а повредени беа 17.638, додека 29.067 лица беа евакуирани. Најмалку 114 лица се спасени од рушевините, а 41 и понатаму се водат за исчезнати.