Bakir Tiro
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (AA) - Ривалдо, еден од најдобрите фудбалери на Бразил на сите времиња, им порача на туристите да не доаѓаат на Олимписките игри кои е бидат одржани во Август во Рио де Женеиро поради опасноста од насилство на улиците на овој град на брегот од Атланскиот океан.
На Инстаграм профилот потсети дека во сабота е убиена 17-годишна девојка која криминалците ја пресретнале во една улица во Рио.
"Ситуацијата се влоши. Им советувам на сите кои планираат да дојдат во Бразил за време на Олимиските игри во Рио да останат дома. Тука го ризикувате животот да не зборувам за ситуацијата во болниците и бразилската политичка ситуација. Само Бог може да ја смени состојбата во нашиот Бразил", напиша Ривалдо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Само во април во Рио се убиени 11 лица во судирите со полицијата. Во 2015 година 307 луѓе се убиени во судирите со полицијата или 20 отсто од вкупниот број на убиства во Рио де Женеиро во спомнатиот период.
Летните олимписки игри во Рио де Женеиро ќе бидат одржани од 5 до 21 август оваа година.