Ekip
17 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (AA) – Властите во Рио де Жанеиро распишаа потерница за Патрик Хикеј, претседателот на Олимпискиот комитет на Република Ирска (OCI) поради наводно здружување со уште шест лица, за илегално да продаваат влезници за Летните олимписки игри, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен што претседателот на ирскиот комитет, Хикеј е и првиот човек на Европскиот олимписки комитет, а од 2012 година и член на извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (IOC).
Полицијата денес извести дека во истата истрага минатата недела уапсила еден службеник на Олимпискиот комитет на Ирска, додека улогата на четирите други раководители и понатаму се испитува. Се наведува дека агентите заплениле повеќе од 1.000 влезници коишто се продавале за висока цена, а му биле доделени на Олимпискиот комитет на Ирска.
Осомничена е британската компанија „ТХГ Спортс“, за која полицијата вели дека била дел од препродажбата на влезниците во текот на Светското првенство во Бразил 2014 година.
Се огласи и Олимпискиот комитет на Ирска, кој соопшти дека се прават истрага за повеќе детали врзани за издавањето потерници за претседателот Хикеј. Луѓето од ОКИ побараа потполно да им се појасни ситуацијата, за да можат да го коментираат целиот случај.