Michael Sercan Daventry
28 Февруари 2016•Ажурирај: 29 Февруари 2016
ДАБЛИН (АА) - Ирскиот премиер Енда Кени го прифати поразот на парламентарните избори по прелиминарните резултати кои покажаа дека е намалена поддршката на неговата партија Фине Гаел и нејзиниот коалициски партнер Лабористичката партија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Десетина пратеници на Фине Геал и Лабористичката партија не добија поддршка за останување во парламентот на изборите кои се одржаа во петокот. Ирците не ја поддржаа владејачката коалиција, по острите мерки за штедење воведени по економската криза во 2011 година.
„Јасно е дека Фине Гаел и Лабуристите нема да се вратат на власт и дека сега уште треба да се почека да бидат пребројани сите гласови со цел да видиме кои опции треба да ги разгледаме”, изјави Кени за државната телевизија RTE.
Додаде дека премиерот „има обврска и одговорност да продолжи со работата со цел составување на владата, бидејќи на државата ѝ треба влада”.
Кени ги одби шпекулациите за можната коалиција со опозицискиот десен центар Фиена Фаил, кој на изборите освои 24,5 отсто од гласовите, додека неговата партија Фине Гаел освои 25,5 отсто.
Деталните излезни анкети по изборите во Република Ирска покажаа дека поголемиот број избирачи ѝ свртија грб на коалициската влада на премиерот Енда Кени и дека ирскиот парламент би можел да биде без неопходното мнозинство или пак ќе се создаде историски сојуз помеѓу партиите со потполно спротивни политички убедувања.
Резултатите од општите избори во Ирска би можело да бидат готови за два дена бидејќи Ирска применува комплексен систем на пропорционална застапеност, што овозможува помалите партии или независните кандидати да освојат пратенички места.