Yusuf Özcan
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Во вториот круг од парламентарните избори во Франција до 12 часот гласале 17,75 отсто од гласачите, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој процент на парламентарните избори ред пет години изнесуваше 21,41 отсто, а 22.89 отсто во 2007 година.
Околу 47 милиони регистрирани гласачи ќе можат да гласаат до 20 часот.
Изборите во Франција се конципирани на тој начин што во 566 изборни единици се бираат ист број на пратеници, а 11 пратенички места се бираат во изборните места се бираат во прекуморските региони на Франција.
Вториот круг од изборите се одржува во тек на вонредната состојба која е прогласена во земјата. Во околу 69.000 избирачки места ангажирани се околу 50.000 полицајци, војници и припадници на жандармеријата.