Ekipa
18 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Официјална Москва остро ја критикуваше политиката на Трамп кон Куба поради најавеното замрзнување на претходно договорениот билатерален аранжман помеѓу САД и Куба, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со таквите потези и вербалните напади врз кубанските официјални лица американскиот претседател Трамп не навраќа на заборавената реторика од Студената војна“, се вели во соопштението на руското МНР.
Во соопштението, исто така се наведува дека е јасна потребата од продолжување на дискурсот на соработка и деблокирањето на Куба, а дека најавените Трампови потези објави потези може да донесе само жалење на двете страни.
И покрај предизборните најави дека ќе работи на подобрување на американско-руските односи, претседателот Трамп од влегувањето во Белата куќа не направи напредок во надворешната политика кон Москва. Минатата недела, американскиот Сенат усвои одлука за воведување на нови санкции против Русија.
Русија одржува традиционално добри односи со Куба, а во март оваа година потпишаа договор за поморски транспорт на нафта од Русија во Куба, што беше стопирано повеќе од една деценија.
Трамп не ги прекина целосно дипломатските односи со Куба, кои пред две години беа обновени после 50 години непријателство. Ја задржа отворена американската амбасада во Хавана.