Mohamed Sabry Emam Muhammed
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
НИНЕВА (АА) - Ирачките сили денес започнаа операција за да го повратат Стариот дел од градот Мосул, кој е последното упориште на ДЕАШ во тоа подрачје, јавува Anadolu Agendy (AA).
Високиот ирачки командант Абдул-Амир Рашид Јар Алах, задолжен за операциите на армијата во покраината Нинева, истакна дека во операцијата се вклучени воените трупи, антитерористичките групи и федералната полиција.
Стариот град е последното подрачје во Мосул коешто сѐ уште е под контрола на ДЕАШ.
Стариот град е густо населено подрачје на тесни улички, каде што борбите претежно се одвиваат од куќа во куќа.
Ирачките сили, поддржани од коалицијата предводена од САД, водат опсежна офанзива за ослободување на Мосул од ДЕАШ, последното упориште на таа терористичка група во Ирак.