Emel Öz Gözellik
27 Јули 2016•Ажурирај: 28 Јули 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Два воени авиона на бразилската воена морнарица се судрија во воздух – за среќа, пилотите преживеале, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица на бразилските поморски сили соопштија дека авионите се судриле во воздух за време на вежба што се изведувала како дел од Олимписките игри 2016, кои ќе се одржат во Рио де Жанеиро од 5 до 21 aвгуст.
Еден од авионите паднал во морето, додека пилотот на вториот авион успеал да го приземји леталото. И двата пилота се во добра состојба.