Berk Kutay Gökmen
17 Ноември 2026•Ажурирано: 17 Ноември 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Вашингтон „многу сериозно“ ги сфаќа наводите за можен ирански заговор насочен кон главниот град на САД, предупредувајќи го Техеран за невидени последици доколку се изврши напад, јавува Анадолу
На прашањето дали постои непосредна закана за Вашингтон, Трамп на новинарите на Филипини, каде што присуствува на регионален самит, им рече: „Ако постои, тие ќе платат цена каква што ниедна земја досега не платила.“
„Се надевам дека не е, но ние го сфаќаме многу сериозно“, додаде тој.
Коментарите на Трамп се дадени по веста на Си-ен-ен вчера, во кое се цитираа седум американски претставници запознаени со разузнавачките информации што укажуваат дека Иран истражувал потенцијални напади врз високи претставници на администрацијата на Трамп во Вашингтон, вклучително и радиоактивна валкана бомба или хемиско оружје.
Според наводите, разузнавачките информации укажуваат на активности за развој на можни опции за напад, а не на докази за непосредна операција. Некои извори велат дека се идентификувани одредени локации и потенцијални цели во главниот град на САД.
Пријавената активност предизвика зголемена безбедносна загриженост и планирање за непредвидени ситуации меѓу американските претставници, иако постои несогласување околу тоа дали Техеран има способност или намера да изврши таков напад.
Портпаролката на Белата куќа, Лорен Бис, изјави дека администрацијата ги следи потенцијалните закани, но нагласи дека во моментов нема „реални закани за татковината“.