Murat Keleş
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
КИНГСТОН (АА) – Светски познатиот рекордер во брзо трчање, Усеин Болт, беше принуден да се повлече од финалето на Олимписките квалификации, поради повредата со која се здоби за време на полуфиналната трката на 100 метри, на Шампионатот во Јамајка, јавува Anadolu Agency (AA).
Олимпискиот шампион со освоени светски рекорди во трките за мажи на 100 и 200 метри, Болт, го повреди коленото за време на трката на 100 метри во полуфиналето од Шампионатот на Јамајка.
На само 20 минути пред финалната трка, 29 годишниот атлетичар од Јамајка, го прекина натпреварувањето и подлегна на лекарска нега
„На прегледот е откриено истегнување од прв степен. Поради повредата ќе бидам ослободен од трките. Ќе започнам веднаш со лекарска терапија и се надевам дека на 22 jули, со учеството на Годишната трка во Лондон, ќе обезбедам квалификација за Олимписките Игри во Рио“, напиша Болт, на својот Твитер профил.
Болт, кој досега има освоено 6 олимпијади и 11 светски титули во трките на 100 и 200 метри за мажи, и во штафетните трки на 4х100 метри, сега засега сеуште ја одржува неизвесноста за неговото учество на претстојните летни Олимписки Игри, кои треба да се одржат во Рио Де Женеиро, Бразил, од 5-21 Август 2016 година.