Nazlı Yüzbaşıoğlu
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Бразилската влада пред Летните олимписки игри 2016 година ќе ги зајакне превентивните мерки против вирусот „жика”, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалниот комитет за организација на ОИ соопшти дека ќе работи на исушување на стоечките води кои се погодни за размножување на комарците, преносители на вируси.
Со цел да се спречи ширењето на вирусот, олимписките терени секојдневно ќе се чистат.
„Жика” вирусот, за кој не е прнајдена ефикасна вакцина, меѓу другото, предизвикува покачена температура, црвенило на очите, повраќање, главоболки и болки во мускулите. Овој вирус се смета за причинител на сериозни деформации кај децата, познати како микроцефалија, која се опишува како раѓање на деца со помал обем на главата.
Светската здравствена организација (WHO) соопшти дека забележани се случаи на заболени од „жика”вирусот во тропска Африка, југоиточна Азија, пацифичките острови, Средна и Јужна Америка и предупреди дека вирусот продолжува да се шири.
Во рамките на борбата против опасниот вирус, Ел Салвадор, Колумбија и Јамајка дури им советуваат на жените планирање на бременоста, во тој контекст, нејзино одложување.