Dejan Maksimoviç
20 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (AA) – Олимпискиот тим на Соединетите Американски држави на својата сметка на освоени одликувања на 14 ден од Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро додаде три злата. Сега американските спортисти имаат дури 38 златни, 35 сребрени и 32 бронзени медали, односно вкупно 105 одликувања што ги прави да се без конкуренција во Рио, јавува Anadolu Agency (AA).
Донекаде ги следи Велика Британија која со две злата, 14 ден стаса до вкупно 24 најсјајни медали и цврство држи втора позиција, пред Кина која има 22. Британскиот тим, освен 24 злата, на своето салдо има и 22 сребра, како и 14 бронзи, што е вкупно 60 медали. Кинеските спортисти во вкупниот скор имаат пет одликувања повеќе но и два златни медали помалку. Порај 20 златни медали, тие освоија 16 сребрени и 25 бронзени.
Меѓу десетте најдбобри по нројот на освоените медали се наоѓаат: Германија (14 златни медали, 8 сребрени, 13 бронзени) Русија (13, 16, 19), Јапонија (12, 8, 21), Франција (9, 14, 14), Австралија (8, 11, 10), Италија (8, 11, 6) и Холандија (8, 6, 4).
Од регионот најдобро пласирана е Хрватска, која е на 17 место со пет злата, два сребра и една бронза. На листата на освојувачи на медали се запишаа и Словенија и Србија со идентичен учинок со по едно злато и бронза, како и две сребра. Но, олимпискиот тим на Србија сигурно ќе освои уште три медали, бидејќи ватерполистите, одбојкарите и кошаркарите остварија пласман во финалето. Од регионот до медал дојде и Косово, кое има само едно злато, додека Македонија, Црна Гора и БиХ од Рио се вратија без медал.