Ekipa
14 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
ЊУЈОРК (АА) - Научниците од Центарот за контрола и превенција на болести во САД, потврдија дека вирусот зика влијае на создавањето на различни облици на деформитети при раѓање, јавува Аnadolu Agency (AA).
Ова вчера официјално е потврдено, по неколкумесечни дебати и неизвесност.
Од минатата година лекарите во Бразил вирусот го поврзуваат со здравствените проблеми на илјада новороденчиња родени со неразвиен мозок.
„Научниците од Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), по внимателното разгледување на постоечки докази заклучија дека вирусот зика предизвикува микроцефалија и други тешки пореметувања на мозокот”, изјави директорот на Центарот, Том Фриден.
Фриден заклучи дека ова најново проучување преставува пресвртница во епидемијата на вирусот зика.
Вирусот зика веќе е поврзан со автоимуните заболувања на нервниот систем кои предизвикуваат привремена парализа, а со новите прогнози на научниците е зголемена листата на невролошки оштетувања предизвикани од вирусот.
Светската здравствена организација (WHO) претходно потврди дека вирусот, кој го пренесува комарецот, е одговорен за голем број на микроцефалични новороденчиња кои се раѓаат со мала глава и неразвиен мозок.
Само во Бразил се потврдени околу 1.000 случаеви на микроцефалија предизвикани од вирусот зика, додека пак околу 4.300 трудници се под надзор.