Amina Zorniç
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Истражувачите од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего (UCS) објавија извештај во кој се тврди дека поголема шанса за излекување на ракот имаат луѓе кои се во брак, за разлика од оние кои немаат основaно свои семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Во студијата се наведува дека, освен брачниот статус, огромна улога во борбата против ракот имаат полот, расата, етничка припадност и родното место на заболените од малигни болести, пренесува британскиот "Гардијан".
Во истражувањето учествувале околу 800.000 луѓе, од кои 393.470 мажи и 389.697 жени кај кои е дијагностициран рак во периодот меѓу 2000 и 2009 година.
Станува збор за десет видови на рак кој најчесто предизвикуваат смрт во светот. Пациентите биле под надзор до крајот на 2012 година.
Истражувачите велат дека ергените и жените кои не се во брак имале најмали шанси да се справат со туморот. Од друга страна, неженетите мажи Латиноамериканци, имаат 24 отсто повисока стапка на смртност од своите сограѓани кои се во брак.
„Жените бараат помош за здравствени проблеми почесто отколку мажите, и тие имаат тенденција да влијаат на брачните другари да се живее здрав начин на живот", вели Марија Елена Мартинез, главен автор на студијата и професор по семејна медицина и јавно здравство во Школата за медицина UCS ".
Мартинез истакна дека борбата со ракот е тесно поврзана со поддршката и љубовта што ни ја пружа брачниот другар.