Amina Zorniç
31 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Ракот во Кина минатата година однесе 2,8 милиони животи, јавува Anadolu Agency (АА).
Студијата спроведена од страна на Американското медицинско списание тврди дека ракот, според бројот на смртните случаеви од минатата година, е „убиец број еден” во Кина. Во текот на минатата година е дијагностициран рак на 4,3 милиони луѓе што претставува 12.000 случаи на заболени од рак секој ден.
Оваа информација е „алармантна”, доколку се земе во предвид во 2013 година, кога во земјата се регистрирани околу 3,1 милиони заболени луѓе.
Карциномот на бели дробови, желудникот, хранопроводникот, црниот дроб и ракот на дебелото црево, според податоците, се најчести кај мажите, додека повеќето жени страдаат од рак на дојката, белите дробови, дебелото црево и од рак на хранопроводот.
Главниот автор на студијата вели дека големо влијание за појавата на ракот кај населението е загадувањето на воздухот во Кина.