Hüseyin Demirci
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
КАРС (АА) - Новата атракција на снег во Карс, источна Турција, е бордањето со помош на коњи, јавува Anadolu Agency (АА).
Овој тип на сноубординг е нешто слично како скијањето на вода. На едната страна од јажето е бордерот а од другата коњот и јавачот.
Двајца сноубордери Угур Доганај (33) и Озгур Гокчан (31) веќе долго време се занимаваат со сноубординг, а викендов се одлучија да пробаат нешто ново.
Доганај и Гокчан како што велат, за прв пат бордаат на рамна површина. На овој начин бордањето не е ни малку лесно.
„Денес сакавме да пробаме нешто ново. Прв пат се обидовме да бордаме со коњ и навистина уживавме”, рече Доганај кој додаде дека борда повеќе од десет години, а скија од дете.
Двајцата бордери веруваат дека овој вид на сноубординг ќе продолжи да се практикува и дека ќе биде добро прифатен од страна на јавноста.
Гокчан нагласи дека е можно да се организираат разни натпревари во сноубординг со помош на коњи.