Dildar Baykan
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
ТОКИО (АА) - Во Токио падна снег, тоа е првпат по 54 години, главниот град на Јапонија во ноември да биде покриен со бела прекривка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од јапонската метеоролошка агенција се истакнува дека студениот бран и ниските температури ги зафатиле источните и западните делови на земјата, каде што температурата изнесуваше три степени под нулата.
Токио се разбуди со мешавина од дожд и снег, а населението на Јапонија е предупредено од можноста за уште пониски температури.
Инаку, во Токио, за првпат по 54 години падна снег во месец ноември. Просечната температура во ноември во овој регион се движи меѓу 10 и 17 степени.