Bekim Laci
04 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Тимовите на "Комунална хигиена" во Скопје минатата ноќ и утринава фрлиле 280 тони сол за да се расчистат патиштата и булеварите од снегот и слоевите мраз, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска екипите на Јавното претпријатие "Комунална хигиена" се на терен и вршат целосно чистење на улиците и тротоарите од остатоците на мраз, додека ангажирано е и Јавното претпријатие "Водовод и канализација".
Како што информира од Канцеларијата за информации, властите во Скопје ја следат ситуацијата со цел по потреба да интервенира.
Град Скопје им препорачува на возачите внимателно возење и почитување на условите во сообраќајот, и потсетува дека Градот Скопје има надлежност врз одредени улици и булевари, додека остатокот е во надлежност на општините, кои се одговорни за чистење и нивно одржување.
Градот Скопје ги повика сите стопански субјекти во градот и сите граѓани, дека во случај на поголеми врнежи од снег, да се почитуваат законските обврски и да се расчисти мразот и снегот.