Vesna Besic
16 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
ЉУБЉАНА (АА) - Голем дел од Словенија е зафатен од обилни снежни врнежи, што доведе до проблеми во сообраќајот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тоа не ги спречи Словенците да користат велосипеди како превозно средство. Додека екипите на терен работат на расчистување на снегот од коловозите, граѓаните на велосипеди ги извршуваат секојдневните обврски.
Снегот е влажен, што доведе до кршење гранки од дрвјата и проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Врнежите доведоа и до блокирање на патиштата, особено во северните планински региони Горењска и Корушка.
Во низините паднаа од пет до 20 сантиметри снег, а во повисоките предели и повеќе од половина метар. Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните часови.