Can Erözden
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 67 лица загинаа, а непознат број лица останаа заглавени откако се сруши платформа за изградба на кула за ладење во електроцентрала во источна Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција „Синхуа“ објави дека петмина повредени утринава се примени во болница во покраината Џиангси.
Медицинските и противпожарните екипи се испратени на местото на настанот, а акцијата за спасување е во тек.
Секоја година, во Кина гинат десетици луѓе во несреќи на работните места, што го отвора прашањето за безбедносните стандарди при работа во земјата. Во јули, осум лица починаа откако градежен лифт падна од 18. кат од зграда во источната кинеска покраината Шандонг.
Кон крајот на мај, најмалку еден работник во фабрика и еден пожарникар загинаа, а 18 беа повредени во експлозија на магацин за акумулатори во источниот дел на покраината Џиангсу, која е познат индустриски центар.