Fuat Kabakcı
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Билансот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина порасна на 2.914 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина објави соопштение во врска со последните случувања за епидемијата на Ковид-19 во земјата, во кое се наведува дека во последните часа починале 42 лица од Ковид-19, додека откриени се нови 202 случаи.
Бројот на лица што починаа од овој вирус, вклучувајќи ги и случаите во Хонгконг, се искачи на 2.914 лица, додека бројот на лица кај кои е откриен овој вирус се зголеми на 80.026 лица.
Се вели дека бројот на сомнителни случаи се намалил на 2.715, додека бројот на лица што се задржани под надзор се намалил на 46.219 лица.
Бројот на излекувани и лица отпуштени од болница се зголеми на 44.462 лица.