Mahmut Atanur
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ПЕКИНГ (АА) – Во училиште изградено во поранешна индустриска област, 493 ученици се здобија со тешки заболувања. Кинеската Комунистичка партија (ККП) во весникот Дневник на Народот, кој е нивен известувачки орган, изјави дека исфрлениот хемиски отпад од поранешните фабрики е причината за сериозните тешки заболувања со кои се здобиле 493 ученици од јазичната гимназија во Чангцоу, во провинцијата Чиангсу, која се наоѓа во источниот дел на Кина, јавува Anadoly Agency (AA).
Беше изјавено дека сегашната местоположба на училиштето кое отпочна со работа во септември е место на кое порано работеле три хемиски фабрики.
Во соопштението се наведува дека кај 493 ученици од вкупно 641 кои покажале знаци на слабост по спроведување на крвните анализи, била констатирана состојба на егзема, бронхит, а кај одредени ученици била откриена и појава на леукемија и рак на лимфните жлезди.
Во вестите се наведува дека производството во поранешните фабрики било проследено со хемиски отровни супстанци, како што семетомил и карбофуран. Некои од поранешните работници отровните отпадни течности ги одлевале во блиската река, додека пак отпадната отровна цврста материја ја закопувале во почвата.
Според анализите спроведени од страна на кинеското Министерство за животна средина за проследените настани, утврдени се повисоки нивоа од дозволеното присуство на хемискиот реагенс хлоробензен и тоа за 95 пати во почвата и за 79 пати во водата.