Seval Ocak Adıyaman
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
АНКАРА (АА) - Откако од 1-ви јануари оваа година се воведени визи за турските граѓани, Русија истите мерки ги воведе и за и на турските државјани кои имаат службени и бирократски пасоши, така што вон санкциите останаа само дипломатските пасоши, јавува Anadolu Agency ( AA).
Турското министерството за економија на официјалниот сајт ги предупреди турските граѓани кои имаат намера да патуваат во Русија, дека таа земја го има проширено визниот режим за уште две категории.
Во иднина, сите турски државјани, кои немаат дипломатски пасош, мораат пред патување во Русија од амбасадата на таа земја да побараат виза.
Визниот режим не се однесува на турските граѓани кои имаат одобрен привремен или постојан престој во Русија.
Република Турција издава вкупно четири видови на пасоши, во зависност од интересот и деловниот сектор во државата. Црни дипломатски пасоши добиваат државните лидери и дипломатскиот кор, зелени специјалени пасоши имаат владини претставници и поранешни функционери, а сивиот сервис пасош е резервиран за вработените од различни установи ангажирани во странство, а сите други граѓани на Турција имаат црвени граѓански пасоши.