Mohamed Sabry Emam Muhammed
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
КАИРО (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд денес изјави дека немирите во Египет се предизвик за напорите за економски развој кои ги прави земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на отворањето на Египетско-францускиот економски форум во Каиро, Оланд рече дека многу француки компании сè уште работат во арапските земји.
„Ниту една француска компанија нема прекинато со работа во Египет од 2011 година”, рече тој, потенцирајќи дека Франција е шести најголем инвеститор во Египет.
Египет се наоѓа во состојба на постојани превирања уште од популарната побуна во 2011 година кога беше тргнат од власт долгогодишниот автократ Хосни Мубарак.
Францускиот претседател пристигна вчера во Каиро, во тридневна официјална посета, заедно со француска престижна бизнис делегација.
Францускиот лидер рече дека француските компании се подготвени да инвестираат во Економската зона во Суецкиот канал, во која што Каиро полага големи надежи за развој на економијата.
Во текот на вчерашниот ден, Оланд заедно со својот египетски колега, Абдел Фатах ел-Сиси, потпишаа серија договори.
Релациите помеѓу Египет и Франција се подобрија со доаѓањето на власт на Сиси, поранешениот командант на армијата, кој беше избран за претседател во 1914 година, една година по воениот пуч во кој беше соборен претседателот Мухамед Мурси.