Barış Seçkin
23 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
РИМ (АА) - Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлуксони ја предупреди Европската Унија дека треба да има добри односи со Турција, затоа што, како што рече тој, бегалците повторно ќе почнат да доаѓаат во ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Берлускони, лидер на партијата Форца Италија и поранешен премиер на Италија, гостуваше во програмата „Порта a порта“ на државниот телевизиски канал РАИ 1, каде што зборуваше во врска со внатрешните и надворешните прашања.
Тој рече дека дестабилизацијата во Либија и на Средниот Исток е последица на политиките на САД и ЕУ. „САД и ЕУ ја поддржаа Арапската пролет, но денеска сме во ситуација каде што владата во Либија поддржана од Западот, не ја врши функцијата на влада“, изјави поранешниот премиер Берлускони.
Тој потсети дека Тунис како сосед на Либија бил принуден да прими околу 1 милион 400 илјади бегалци што избегале како последица на внатрешната дестабилизација, и дека Европа се наоѓа во таква опасност.
„Денеска постои сериозна опасност. Во Турција има 2 милиони 400 илјади бегалци. Ако не развиваме пријателски односи со Турција и ако Турција ги отвори границите, овие бегалци повторно ќе почнат да доаѓаат во Европа“, рече Берлускони.
На прашањето водителот на емиисијата во врска со потпишаниот договор меѓу Турција и ЕУ за реадмисија на бегалците, Берлускони одговори: „Секако дека ние ѝ плативме на Турција одредена сума пари за да таа да ги задржи бегалците. Ако се расипат односите со Турција, таа може да одлучи да ги отвори границите“.
Од друга страна, поранешниот премиер на Италија рече дека ниту една држава на Средниот Исток не е подготвена за демократија. „Не е важно како ќе го именуваме, диктатор, крал или цврст лидер, но тие земји имаат потреба да бидат водени од вакви режими“, рече Берлускони.
- Референдумот во Италија -
Тој исто така зборуваше и во врска со референдумот во Италија, којшто ќе се одржи со цел да се регулираат овластувањата на сенатот како нависок орган на Парламетот.
И покрај тоа што Силвио Берлускони е во опозиција, тој ги повикува своите гласачи да гласаат со „не“ на референдумот. Високите менаџери на медиумската компанија „Медиасет“, којашто е во негова сопственост, ги повикуваат граѓаните да гласаат „за“ на референдумот.
Берлускони исто така нагласи дека менаџерите на компанијата се загрижени затоа што по референдумот, новата влада може да се занимава со компанијата „Медиасет“.
Во врска со сценаријата дека владата на премиерот Матео Рензи има можност да падне заедно со референдумот на 3 декемри, Берлускони рече: „Не мислам дека ќе падне владата. Ќе се формира ново мнозинство, но нема да биде убедлива“, рече тој.
Тој ја критикуваше владата на Рензи и истакна дека тој ветил многу нешта, но до ден-денес ништо не остварила.